Натпреварот од третата лига Југозападен регион меѓу Мирце Ацев од Македонски Брод и охридскиот Вулкан од Косел ќе се игра во вечерен термин под рефлектори. Тоа е меч од трета вондредна рунда во ова натпреварување, а прв за новајлијата во ова друштво, Мирце Ацев.
– Имаме голема чест за прв пат клуб од нашата општина да одигра првенствен натпревар од Третата лига на новиот стадион, а задоволството е уште поголемо што тоа ќе го направиме под рефлектори.- вели Бобан Филипоски претседателот на Фудбалскиот клуб Мирце Ацев кој што континуирано веќе осум години ја претставува општина Македонски Брод на фудбалската сцена.
За фудбалерите на охридскиот Вулкан ова ќе биде ретка можност да одиграат натпревар под рефлектори.
– Одиме да се надигруваме и подобриот нека победи, сигурно дека и за нас ќе биде огромно задоволство што ќе играме под рефлектори – вели Васко Мојсоски еден од најискусните во гостинскиот табор.
Натпреврот е закажан за среда од 19 часот. Теренот на ФК Мирцев Ацев е еден од на 50 помошни фудбалски терени кои Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт ги изгради со средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
Давид Матески се врати во редовите на ГФК Охрид на кој денеска му се придружи младиот Давор Росиќ 19-годишниот младински репрезентативец Матески доаѓа од екипата на Силекс како позајмен играч Тој и...
Почна онлајн продажбата на билети за натпреварот на Градскиот ракометен клуб Охрид од 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Прага од Чешка Првиот натпревар се игра во салата „Билјанини Извори...
Во првото коло од плеј-оф фазата тимот на ГКК Охрид ќе се соочи со екипата на КК Соколи – Штип, во меч кој носи огромно значење во борбата за место во елитата Секој поен, секоја одбрана и секоја се...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.