Фудбалерите на Охрид во 18-та рунда на домашен терен ќе го пречекаат составот на Могила, додека Сатеска гостува во Грнчари кај составот на Лирија.


Последнотпласираниот тим на табелата во Третата лига, Могила е идеална шанса за охридските бели да ја забележат првата победа во пролетната полусезона.

Сатеска, пак, против составот на Лирија ќе ги лекува раните од поразот на домашен терен од тимот на Лабуништа (3-1).

Во фокусот во 18-та рунда ќе биде градската пресметка меѓу Влазними и лидерот на табелата, Струга Трим Лум.

Двојки: Кораб – Караорман, Лирија – Сатеска, Лабуништа – Преспа, Велешта – Кравари, Фљамуртари – Пролетер, Охрид – Могила, Влазними – Струга Трим Лум.

Табела: Струга Трим Лум 34, Лабуништа 33, Кравари 32, Кораб 30, Охрид 28, Преспа 26, Лирија 24, Влазними 22, Фљамуртари 21, Пролетер 17, Сатеска 16, Караорман 16, Велешта 16, Могила 14.

OhridNews