Фудбалерите на Охрид во ново руво ќе го пречекаат составот на Влазними во 20-та рунда од Третата македонска фудбалска лига во сабота со почеток во 16 часот.
Новата опрема за охридските фудбалери ја обезбедија ентузијасти и вљубеници на фудбалот и спортот во градот. – Сакаме да им се заблагодариме на нашите спонзори Хотел Амбасадор и Ликвид кафе кои несебично не пратат додека бевме во четртата, односно Општинска лига. Голема помош имаме и од Жито Леб, Бисери Филеви, ирскиот паб Даблин и бутикот Ричи без кои не ќе можевме да опстанеме.
Охриѓани добро се снаоѓаат во првата сезона во третолигашкото друштво и котираат високо на табелата. Охридските сино-бели натпреварот со стружани ќе одиграат на теренот со вештачка трева, поради работните зафати на теренот на „Атина Бојаџи“.
Двојки: Кораб – Сатеска, Караорман – Преспа, Лирија – Кравари, Лабуништа – Пролетер, Велешта – Могила, Фљамуртари – Струга Трим Лум, Охрид – Влазними.
Табела: Струга Трим Лум 40, Лабуништа 39, Кораб 36, Кравари 35, Охрид 31, Преспа 29, Лирија 27, Фљамуртари 24, Влазними 22, Сатеска 19, Пролетер 18, Могила 17, Велешта 17, Караорман 16.
OhridNews