Екипата на Сатеска запиша нови три бодови на табелата во Третата македонска фудбалска, откако во 10-та рунда со 5-1 го совлада тимот на Воска.
Домашните фудбалери победникот во локалната дерби пресметка го решија после 45 минути игра по кои имаа водство 2-0. Во вториот дел постигнаа уште три голови, а гостите со почесен погодок успеаја да го ублажат поразот.
Пораз со седум погодоци во мрежата претрпе Охрид кој изгуби 7-2 од Кравари. Домаќините бедемот пред охридскиот гол го срушија во второто полувреме, откако првиот дел заврши (1-1).
Двојки: Фљамуртари – Лирија 5-2, Караорман – Кораб, Велешта – Октиси 2-2, Сатеска – Воска 5-1, Кравари – Охрид 7-2, Баир Кркардаш – Преспа 1-6, Могила – Влазними 2-1.
Табела: Кораб 24, Фљамуртари 24, Караорман 20, Кравари 22, Преспа 16, Могила 15, Охрид 13, Сатеска 13, Велешта 13, Влазними 11, Лирија 10, Октиси 9, Воска 4, Баир Кркардаш 0.
Фото: Архива
OhridNews