Охрид и Сатеска не освоија бодови во 20-та рунда во Третата македонска фудбалска лига, откако изгубија од Влазними (4-3) односно од Кораб (5-2), додека струшки Караорман запиша значајни бодови совладувајќи ја Преспа со 2-1.
И Охрид и Сатеска во текот на мечевите имаа позитивен резултат, но не и двете екипи не успеаја да го задржат и терените мораа да ги напуштат со наведнати глави.
Караорман со победата над Преспа побегна од дното и фенерот им го препушти на фудбалерите од Могила кои изгубија од Велешта 3-0.
Двојки: Кораб – Сатеска 5-2, Караорман – Преспа 2-1, Лирија – Кравари 2-2, Лабуништа – Пролетер 6-1, Велешта – Могила 3-0, Фљамуртари – Струга Трим Лум 0-2, Охрид – Влазними 3-4.
Табела: Струга Трим Лум 43, Лабуништа 42, Кораб 39, Кравари 36, Охрид 31, Преспа 29, Лирија 28, Влазними 25, Фљамуртари 24, Велешта 12, Сатеска 19, Караорман 19, Пролетер 18, Могила 17.
OhridNews