Натпреварот од третата македонска фудбалска лига меѓу ФК „Питу Гули“- Крушево и ФК„Мазатар“ – с.Слатино-Охрид одигран на градскиот стадион „Езеро“ во Крушево не го дочекал својот крај.

Имено за време на натпреварот при досудување на пенал од страна на судијата за домаќините, поголем дел од гостинските играчи се стрчале кон главниот судија од Битола и почнале вербално да се расправаат, а еден од гостинските играчи го удрил со тупаница во пределот на главата.

Од страна на УПС од ПС-Крушево спречено е понатамошното нарушување на ЈРМ и се превземаат мерки за расчистување на случајот.

“извор МВР“