Охрид Лоте полека но сигурно чекори во втората македонска фудбалска лига. “Градежниците“ прокнижија три бода на тешкото гостување во Демир Хисар кај Вардино победувајќи со 3-1. Митрески во првото полувреме ја затресе противничката мрежата додека во второто беа прецизни Бочески и Димоски. Лидерот на табелата Караорман со лесни 3-0 го совлада Мирче Ацев. Далчевски на два пати, и еднаш Келешоски стрелаа за “паткарите“.
Резултати 29-то коло:
Велешта – Добрушево 3-0, Порече – Фљамуртари 2-0 64 мин. прекин, Вардино – Охрид Лоте 1-3, Преспа – Подмочани 3-1, Кораби – Фаланга 4-1, Караорман – М. Ацев 3-0, Питу Гули – Младост (неодиграна),
Слободни во 29-то коло беа Кравари и Работник.
Табела: Караорман 73, Охрид Лоте 68 (-2)…










