ФК Фаланга од Демир Хисар по само едно одиграно коло се откажа од понатамошното натпреварување во 3. МФЛ – Југозапад, пренесува веб порталот макфудбал

Од клубот во Демир Хисар велат оти најголема причина за напуштање на лигата се финасиските проблеми со кои се соочиле. По една сезона настап во Југозападниот регион тие се враќаат во општинската лига.

По откажувањето на Фаланга, во  Југозападниот регион ќе се натпреваруваат 15. екипи, со што автоматски секоја рунда ќе има по една слободна екипа.

Ohridnews