Емоциите после завршувањето на мечевите во Третата македонска фудбалска лига југо-западен регион во Струга се поделени. Едниот дел од градот се радува за шампионската титула и влезот во Втората лига на Струга Трим Лум, додека другиот дел тагува откако Караорман не успеа да обезбеди опстанок во третолигашкото друштво.
Фудбалерите на Струга Трим Лум првата позиција ја осигураа со победата (4-2) над Преспа во Ресен, а Караорман забележа пирова победа над Охрид (3-1) во „Езерското“ дерби кое се одигра на градскиот стадион во Струга.
Втората позиција на табелата во Третата лига му припадна на составот на Лабуништа, на третата финишираше тимот на Кораб, четврти Кравари, а Охрид ја комплетираше петорката.
Тимот на Сатеска сезоната ја заврши на осмата позиција, а од лигата покрај Караорман отпаѓа и Пролетер кој финишираше на последното место на табелата.
Резултати: Кораб – Пролетер 5-2, Кравари – Могила 0-1, Преспа – Струга Триум Лум 2-4, Сатеска – Влазними 4-3, Караорман – Охрид 3-1, Лирија – Фљамуртари 4-3, Лабуништа – Велешта 4-1.
Табела: Струга Трим Лум 59, Лабуништа 56, Кораб 52, Кравари 41, Охрид 37, Преспа 35, Лирија 34, Сатеска 31, Могила 30, Влазними 29, Велешта 29, Фљамуртари 28, Караорман 27, Пролетер 21.
OhridNews