Водечките екипи на табелата во Третата македонска фудбалска лига југо-западен регион во 19-та рунда од шампионатот силите ќе ги одмерат меѓу себе.


Лидерот на табелата, Струга Трим Лум на домашен терен го пречекува составот на Охрид, додека третотопласираниот Кравари пред своите гледачи ќе се сретне со второпласираната Лабуништа.

Многу работи во понатамошниот дел од првенството (ќе) зависат токму од овие два мечеви кои се окарактеризирани како дерби пресметки.

Во долниот дел од табелата дерби средба, но за долг третолигашки живот ќе одиграат Сатеска и Караорман. Победникот од овој дуел ќе пробие во средината од табелата, а поразениот ќе остане на самото дно.

Двојки: Влазними – Кораб, Струга Трим Лум – Охрид, Могила – Фљамуртари, Пролетер – Велешта, Кравари – Лабуништа, Преспа – Лирија, Сатеска – Караорман.

Табела: Струга Трим Лум 37, Лабуништа 36, Кравари 35, Кораб 33, Охрид 31, Лирија 27, Преспа 26, Фљамуртари 24, Влазними 22, Пролетер 17, Сатеска 16, Караорман 16, Велешта 16, Могила 14.

OhridNews