Со погодоците на Бимбилоски во 70-та и Тасески во 85-та минута екипата на Вулкан ја совлада Враништа на натпреварот кој се одигра на „Атина Бојаџи“ во рамките од Третата фудбалска лига.

Победи во 18-та рунда забележа и составот на Младост над Велешта 3-2 и втопласираната Преспа против Лабуништа 2-1.
Резултати : Вулкан – Враништа 2-0, Стрела Спорт – Вардино 1-2, Кравари – Кораб 3-1, Преспа – Лабуништа 2-1, Младост – Велешта 3-2, Лирија – Поешево 3-1, Влазними – Могила 3-0, Караорман – Работник 4-3.
Табела : Младост 44, Преспа 41, Вулкан 41…
Мх.П.










