Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Ивано денеска ќе отвори Народната канцеларија во Битола. Ова е трета Народна канцеларија на претседателот Иванов, по првите две отворени во Скопје и Тетово.
 
Во рамките на посетата на Битола, претседателот Иванов ќе присуствува на Промотивниот настан „Секој ден е среќен ден“ во Зоолошката градина во Битола, кој се организира под негово покровителство, а со цел подигање на јавната свест за зачувување и заштита на присутниот биодиверзитет и отпочнување на проект за целосна ревитализација на Зоолошката градина.

OhridNews