Советот на Општина Охрид денеска ќе ја одржи третата седница на која ќе бидат разгледани предлозите за избор и именување на членови во Управен и Надзорен одбор во јавните претпријатија „Проаква“, „Охридски Комуналец“ и „Билјанини извори“. На дневен ред вкупно има 25 точки:

1. Предлог Решение за измена на решението за формирање Статутарно правна комисија.

2. Предлог Решение за изменување  на Решението за  формирање  Комисија  за верификација, избори и именувања.

3.Предлог решение за измена на Решението за формирање комисија за општествени дејности

4.Предлог Одлука за именување членови во Управниот одбор на  МЈП „ Проаква“ Струга.

5.Предлог Одлука за именување членови во Надзорниот  одбор на  МЈП  „ Проаква“ Струга

6.Предлог Одлука за именување членови во Управниот одбор на  ЈП  „Охридски Комуналец“ Охрид

7.Предлог Одлука за именување членови во Надзорниот  одбор на  ЈП  „Охридски Комуналец“ Охрид.

8. Предлог Одлука за именување членови во Управниот  одбор на  Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простори

9. Предлог Одлука за именување членови во Надзорниот  одбор на  Јавното претпријатие за изградба, одржување и користење на спортски објекти и јавни паркинг простори

10.Предлог  одлука  за усвојување на Извештајот за  остварување   на буџетот за периодот од 01.01.-31.03. 2009 год.

11.Предлог одлука за усвојување на Извештајот  за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Охрид за прв квартал 2009 год.
 
12.Предлог одлука за усвојување на Извештајот  за реализација на Програмата за заштита на животната средина и природат од 01.01.-31.03.2009 год.

13.Предлог одлука за усвојување на Извештајот  за реализација на Програмата за подршка на локалниот економски развој  на општина Охрид за периодот од 01.01.- 31.03.2009 год.

14.Предлог одлука за усвојување на Извештајот  за реализација на Програмата за  потикнување на развојот на туризмот   на општина Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2009 год.

15.Предлог одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште за 2009 година

16.Предлог Одлука за усвојување на    тримесечниот финансиски извештај на МЈП „Проаква“ Струга од 01.01.2009 год. до 31.03.2009 год. за  РЕ „Водовод“ Охрид и РЕ „Водовод и канализација“  Струга и РЕ  „ Колектор“ Струга .

17. Информацијата за работа на системот за одведување и пречистување  на отпадни води за градовите Охрид и Струга.

18.Предлог одлука за давање согласност на Одлуката за донесување  Ценовникот за услуги од водовод и канализација на МЈП „Проаква “Струга.

19. Предлог одлука за давање согласност на одлуката за изменување на одлуката  за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП  „Билјанини Извори“ – Охрид.

20.Предлог одлука за усвојување на Извештајот од работењето на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2009 год.

21.Предлог  одлука за измена на одлуката за формирање  Локален  совет за превенција за подрачјето на општина Охрид

22.Информација за  досегашните активности на локалниот совет за превенција и идните планови за работа..

23.Предлог Одлука  за изменување на одлуката за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид.

24.Предлог одлука за надоместок на трошоците за избори на организаторите за изборната кампања за локални избори  2009 год. за членови на Совет на општина Охрид и за градоначалник.

25.Предлог Одлука за донесување Детален урбанистички план  за Урбана заедница 1 дел од урбан блок 1.3 опфат  1   2007-2012 год.

Ohridnews