Вкупно 41 817 граѓани ширум земјава поднеле барања за еднократен отпис на долгови, информира Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Граѓаните најчесто барале отпис на долговите од потрошувачки кредити, струја, радиодифузна такса и неплатени долгови за топлинска енергија.

Најголем дел од барањата се стигнати главниот град или вкупно 13 775. Во Тетово поднесени се 3.390, во Гостивар 2.119, во Кичево 754, а во Струга 319. Во општина Охрид барања за отпис на долгови имаат поднесено над 750 граѓани.

Инаку, се отпишуваат долговите кои настанале до 31.12.2013 година за: Електрична енергија кон ЕВН, топлинска енергија кон Топлификација, Радиодифузна такса – кон МРТВ, кредитни картички, пречекорувања на трансакциски сметки и потрошувачки кредити – кон деловните банки и штедилниците

OhridNews