Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2011 година процентот на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 30.4%. 
Анализирано по профили, најранливи групи се повеќечлените домаќинства имајќи го предвид фактот дека 48.5% од сиромашните живеат во домаќинства со 5 и повеќе членови. 
Стапката на сиромаштија кај невработените е 40.7%, односно 46.0% од сите сиромашни се невработени лица. Образованието на главата на домаќинството, исто така, влијае на бројот на сиромашни лица. Имено, 54.6% од сиромашните лица живеат во домаќинства во кои носителот на домаќинството нема или има завршено најмногу основно образование.
OhridNews