Судот во Мелбурн изјави дека има докази врз основа на кои на кардиналот Џорџ Пел, третиот човек во Ватикан, може да му се суди за најмалку едно обвинение за сексуален напад. Судијката, Белинда Валингтон, изјави дека има доволно докази кардиналот, еден од најблиските советници на папата Франциско, да биде суден врз основа на некои обвиненија.

Пел, 77-годишниот финансиски советник на папата, ги отфрли сите обвиненија. Инаку, повеќето докази презентирани во неговиот случај се доверливи. Обвиненијата против Пел се однесуваат на минати злосторства извршени во Австралија. Минатата година, Ватикан го прифати барањето на кардиналот да земе слободно време, со цел да земине во Австралија и да се соочи со обвиненија против него.

Пел ќе треба да се појави пред Окружниот суд во државата Викторија, каде што евентуално би му се судело.

OhridNews
Макфакс