Охриѓанецот Денис Мурат го освои извонредното трето место  на фестивалот „Златен Кестен“, што деновиве се одржа во бугарскиот град Петрич.


Овој талентиран млад пејач полека но сигурно гради успешна кариера. Неодамна настапи на фестивалот „Охрид Фест“ со песната „Се што бараш“ со која освои прво место на Вечерта на нови песни и награда за дебитант на поп вечерта.

Денис Мурат ќе го видиме и на фестивалот „Макфест“ за кој подготвува нова композиција.


OhridNews