Македонскиот филм „Трето полувреме“ не се најде на списокот меѓу девете филмови од неанглиско говорно подрачје, од кои пет ќе се борат за наградата „Оскар“ во категоријата „Најдобар странски филм“.

На скусениот список, во конкуренција на 71 филм на Американската Академија за филмски уметности и науки, се најдоа дури 7 филмски остварувања од стариот континент и тоа „Кралски дела“ (Шведска), „Недопирливи“ (Франција), „Љубов“ (Германија, Франција, Австрија), „Кон-тики“ (Данска, Велика Британија, Норвешка), „Зад ридовите“ (Романија), „Бездна“ (Исланд) и „Сестра“ (Швајцарија). Другите два филма се  канадскиот „Воена вештерка“ и чилеанското остварување „Не“.

Номинациите за најпрестижната филмска награда Оскар, ќе бидат соопштени на церемонијата во Лос Анџелес на 10-ти јануари идната година.

OhridNews