Третолигашот Пашинг е сенационалниот освојувач на Купот на Австрија. “Зелените“ до триумфот во купот стигнаа преку актуелниот првак Австрија Виена, победувајќи со 1-0.


Првокласната сензација беше реализирана во 47 минута кога преку Собкова “зелените“ стигнаа до предност која и покрај силните налети на “виолетовите“ успеаа да ја зачуваат.


За Пашинг ова е прв куп трофеј во клупската историја, а тимот е само петтиот третолигаш кој стигнува до “покалот.“ Последен пат тоа му успеа на Кертен во 2001 година.


Триумфот во купот, го лансираше третолигашот Пашинг во плејофот за место во Лигата на Европа.


Покрај Пашинг во квалификациите за Лигата на Европа ќе играат Штурм и Рапид.