Третоодделенците од основните училишта „Св. Климент Охридски“ и „Кочо Рацин“ денес беа во посета на Општина Охрид.

Ги пречекав драгите гости по што во големата општинска сала ги запознав со начинот на функционирање на локалната власт, статутот и симболите на општината, и одговарав и на бројните прашања од младите гости, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Посетите на ученици во Општина Охрид е согласно наставната програма што тие ја изучуваат по предметот општество.

OhridNews