Третооделенците од ОУ„Христо Узунов“ од Охрид, вчера биле во посета на Музејот на вода „Заливот на коските“.
Учениците со интерес го следеле објаснувањето за тоа како дошло до реконструкција на праисториската наколна населба, на овој локалитет, а ги разгледале и поставувале прашања за постојните артефакти.
-Со прошетката по населбата уште повеќе се зголеми нивната љубопитност за самата населба и животот на луѓето од тој период. Посетите од овој тип го прошируваат знаењето на учениците, ја разгоруваат нивната љубопитност и желба за поголеми знаења за нашата татковина и нејната историја, велат од училиштето.
OhridNews