Три дерби средби ќе бидат во центарот на вниманието во 27-то коло, во Премиер лигата на Англија. Актуелниот шампион, Манчестер Јунајтед, во северен Лондон, ќе му гостува на Тотенхем и со евентуална победа ќе го продолжи притисокот врз водечкиот на табелата Манчестер Сити.

Тотенхем, кој во минатото коло, во градското дерби и покрај водството од 0:2 загуби од Арсенал со 5:2, во овој дел од првенството е безбеден на третата позиција на табелата.

Второто дерби е пресметката на „Енфилд“ помеѓу Ливерпул и Арсенал, „црвените“ со освојувањето на Лига купот обезбедија излез на европската сцена, додека „топчиите“ со победата над Тотенхем го поправаат расположението по серијата од три порази.

Третото дерби е соседската пресметка помеѓу Њукасл и Сандерленд, во која домаќинот влегува како благ фаворит, пред се поради двата порази во серија на Сандерленд.

Лидерот Манчестер Сити би требало да има лесна задача против Болтон, додека неубедливиот Челзи ќе му гостува на ВБА.

Сабота, 3.март: Ливерпул-Арсенал, Блекбурн-Астон Вила, Манчестер Сити-Болтон, КПР-Евертон, Стоук-Норич, ВБА-Челзи, Виган-Свонси

Недела, 4.март:Њукасл-Сандерленд, Фулам-Вулверхемптон, Тотенхем-Манчестер Јунајтед.

Табела: Манчестер Сити 63, Манчестер Јунајтед 61, Тотенхем 53, Арсенал и Челзи 46.

“макфакс“
Ohridnews