Актуелниот првак на Јужна Америка, Уругвај, трокраниот светски шампион Италија и Англија заедно со Костарика ја сочинуваат групата на „смрта“ на Мундијалот во Бразил.

Балканските преставници Хрватска и Босна и Херцеговина добија тешки и атрактивни групи. „Коцкасите“ во група се со Бразил, Мексико и Камерун додека босанските „дијаманти“ ќе се сретнат со Аргентина, Иран и Негерија.

Ждрепката за 20-то Светско првенство во фудбал имаше баланс и освен групата Д сите групи се изедначени по квалитет.

Групите за 20-то Светско првенство :

Група А : Бразил, Хрватска, Мексико, Камерун.

Група Б : Шпанија, Холандија, Чиле, Австралија.

Група Ц : Колумбија, Грција, Брегот на Слонова Коска, Јапонија.

Група Д : Уругвај, Костарика, Англија, Италија.

Група Е : Швајцарија, Еквадор, Франција, Хондурас.

Група Ф : Аргентина, Босна и Херцеговина, Иран, Нигерија.

Група Г : Германија, Португалија, Гана, Америка.

Група Х : Белгија, Алжир, Русија, Јужна Кореја.

Примиерата на 20-то Светско првенство ќе биде на 12 јуни со мечот меѓу домаќинот Бразил – Хрватска, а ќе трае до 13 јули. Мундијалот во Бразил ќе се игра на седум стадинот ширум земјата.

Мх.П.