Лајонс клубот Лихнидос го подобри осветлувањето на црквата Св. Великомаченик Ѓорѓи, во Влашка маала.

И оваа акција е дел од проектот “Охрид – Град на Светлината”, инициран од проф. д-р Зоран Тунтев, во рамки на која осветлени се најзначајните сакрални објакти во старото градско јадро и центарот на Охрид, и знаменитости. – велат од лајонс клубот „Лихнидос.

Во рамки на проектот на ЛК Лихнидос, неодамна целосно беше комплетирано и подобрено осветлувањето на Самуиловите тврдини.

Во акцијата “Охрид – град на светлината”, што трае веќе четири години, досега се осветлени над 30 објекти и атракции во градот.

OhridNews