Утре се навршуваат три години од трагичната сообраќајна несреќа во која во близина на превојот Буково загинаа Влатко Пантовски – Ди-џеј Пантер и Наумче Аврамоски – Ди-џеј Бруце.

– Големите луѓе оставаат голема празнина. Поминаа три години кои беа најтешки за членовите на нивните семејства, за нивните најблиски пријатели, но и за сите оние кои барем малку ги познаваа. Во нашите мисли и молитви се секој ден, велат од охридското „Супер“ радио, со кое двајцата диџеи соработуваа долги години.

Во чест на двајцата, членовите на мото клубот „Мото Охрид” утре ќе ја возат рутата од Охрид преку Крушево и повторно во Охрид, а велосипедистите од клубот „ЗШ Точак“ ќе возат утринска велосипедска тура до местото на кое се случи несреќата во близина на Буково.

Утре на градските гробишта во Охрид, најблиските ќе им оддадат почит.

OhridNews