По 3 години успешно работење, kelepur. mk го прославува својот роденден со нов современ дизајн и изглед пред се наменет за мобилните уреди и таблетите.

На задоволство на купувачите три годишниот роденден на kelepur. mk, значи и воведување на нови содржини како и вредносни и бесплатни купони.

Од компанијата очекуваат новите содржини да бидат повод за нова соработка со трговците а со тоа и поуспешно задоволување на барањата на купувачите. Во таа насока важно е и тоа дека на страницата покрај досегашните категории на попусти од сега натака ќе бидат присутни и други видови попусти.

Огромната база од над 6500 корисници, 14-те илјади фанови на Facebook, 20 те илјади претплатени на електронскиот билтен и 24-те илјади продадени купони ветуваат многу и во интерес на купувачите и во интерес на трговците.

OhridNews