Како што информираат од општинскиот Црвен крст, извршени се три интервенции од страна на медицинските екипи поради премрзнатост на капачите и една поради посекотина.
Од страна на стручните лица постојано се апелираше до капачите, поради ниските температури на воздухот и водата да бидат особено внимателни, долго време да не се во вода и да не конзумираат алкохол пред скокањето за да не дојде до намалување на телесната температура.