Останаа уште две места за пласман во 1/4 финалето, а од Групата Г има тројца кандидати, Франција, Англија и Украина. Домаќинот на ЕП, Украина е на работ од елиминација, на дуелот со Англија им е потребна победа додека Франција ќе се сретне со Шведска.

Франција пласман во 1/4 финале ќе обезбеди и со нерешено. Ако “триколорите“ и англичаните победат и имаат иста гол разлика, “гордиот албион“ ќе биде пред Франција поради коефициентот.

Украина која заедно со Полска се домаќини му е потребна победа во клучниот дуел со Англија. Никој резултат не им одговора на украинците освен победа.

Англија со бод од мечот против Украина ќе го осигура пласманот во 1/4 финалето. “Гордиот албион“ со победа ќе атакува на првата позиција.

Шведска нема шанси за пласман во 1/4 финалето откако претрпе два порази во два натпревари од ЕП.

Победникот од Групата Г ќе се сретне со Италија додека второпласираниот ќе оди на мегдан против Европскиот првак Шпанија.

Мх.П.