На подрачјето на СВР Охрид, изминатиот викенд регистрирани се три кривични дела „Кражба“ и две КД „Оштетување“. Јавниот ред и мир е нарушен во три случаи а евидентирана е една сообраќајна незгода со предизвикана помала материјална штета.На подрачјето на Полициската станица – Струга, регистрирани се три кривични дело „кражба“, четири кривични дела „Тешка кражба“ и едно нарушување на јавниот ред мир. Во истиот период регистрирани се две сообраќајни незгоди со предизвикана материјална штета.
Против сторителите на кривичните дела ке бидат поднесени соодветни пријави.
извор: СВР Охрид












