На регионалниот пат Струга-Дебар, вчера, во 06.50 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патнички моторни возила со струшки регистарски ознаки-„Пежо“ управувано од 33-годишно лице и БМВ, управувано од 45-годишно лица, двајцата од струшкото село Велешта.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, со тешки телесни повреди се здобил  возачот на првото возило како и малолетно лице-сопатник во второто возило. Тие се пренесени во болницата „Св.Еразмо“ од каде, поради сериозноста на повредите, возачот е пренесен во клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Со телесни повреди, се здобил и возачот на второто возило.

По наредба на Јавен обвинител, на местото на сообраќајната незгода, увид изврши полициска екипа од полициската станица Струга.

OhridNews