Германската полиција утрово уапсила тројца мажи, државјани на Ирак, кои се осомничени дека планирале да извршат бомбашки напад.

Од канцеларијата на обвинителот соопштија дека лицата биле уапсени под сомнение за планирање исламистички мотивиран напад, објави „Ројтерс“.

Според прелиминарните резултати од истрагата, осомничените сè уште не ја избрале точната цел на нападот.

Германски „Шпигл“ објави дека осомничените биле уапсени во раните утрински часови во северниот дел на Германија. Портпаролката на канцеларијата на сојузниот обвинител, Даниела Кис, ја потврди акцијата на апсење, но не сакаше да даде детали.

OhridNews

Макфакс