На 01.07.2026 година во 16:20 часот, на автопатскиот патен потег Охрид-Подмоље, кај клучката „Св. Еразмо“, патнички автомобил „Опел“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 70-годишно лице од струшкото село Подгорци, излетал надвор од коловозот и удрил во метален електричен столб.
Тој, како и две малолетни лица на 14 и 16 годишна возраст од селото Подгорци, се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид каде им биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од СВР Охрид.
По наредба на јавен обвинител, увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи.
OhridNews










