На 01.03.2023 во 00.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид – Св.Наум во Охрид, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 18 годишно лице од Охрид излетало од коловозот, информираат од МВР.
По несреќата, возачот, 22 и 34 годишните сопатници и двајцата од Охрид, биле пренесени во специјалната болница „Св. Еразмо“, каде на возачот и 22 годишниот сопатник им биле констатирани тешки телесни повреди, додека на другиот сопатникот му биле констатирани телесни повреди, велат од МВР.
За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.
OhridNews












