На 25-ти овој месец, во ноќните часови, пријавените се искачиле на вториот кат од куќата сопственост на брачна двојка од селото Мешеишта, и низ балконската врата, со употреба на физичка сила насилно влегле во една од собите. Заканувајќи им се со пиштол, пријавените од двајцата сопружници побарале пари по што физички ги нападнале нанесувајќи им повеќе удари по телото и тешки телесни повреди.
Откако сопругата насилно ја оттурнале по скалите, ставајќи и крпа во устата ја затвориле во купатилото, тројцата пријавени започнале да преба- руваат по собите. Притоа пронашле и одзеле околу 1000 денари во разни апоени.
При извршен претрес во домот на едно од пријавените лица пронајдени се едно оружје за светлосно звучна сигнализација марка „Екол“ и 26 куршуми за гасен пиштол додека кај другото пријавено лице пронајдени се еден гасен пиштол марка „Екол“ калибар 9 мм. со 5 куршуми во рамка. Овие, и другите пронајдени предмети, се предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Тројцата пријавени се лица добро познати на службата против кои, досега биле поднесувани повеќе кривични пријави за сторени тешки кражби, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и овозможување на употреба на наркотични дроги.