Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Наум.С. ( 79), Зоран.С. (45) и Дарко.С. ( 24) сите од Охрид. Тие се товарат дека учествувале во нарушувањето на јавниот ред и мир што се случи вчера попладне околу 17 часот и 30 минути, пред продавница на пресекот на улиците „Будва“ и „Радојца Новичиќ“ во Охрид, во кое од здобиените повреди Спасе Груески (58) колабирал и починал на местото на настанот.

Како што соопшти полицијата, најпрвин се случила жестока вербална расправија помеѓу Спасе и пријавениот Наум во која се вклучил и 29-годишниот син на сега починатиот. Инцидентот ескалирал во тепачка во која по кратко време се приклучиле пријавените Зоран и Дарко кои со физичка сила му нанеле повреди по главата на Спасе, од кои тој починал.

По наредба на јавен обвинител врз телото на убиенот извршена е обдукција. Тројцата осомничени за убиството се приведени и предадени на Основниот суд во Охрид на натамошна постапка.

Жителите на населбара „Радојца Новичиќ“ беа вознемирени од немилиот настан. Кажаа дека дека сега починатиот се подготвувал за свадба во август.

-Кога дојдов тука полицијата приведуваше некого. Слушнав дека некој со со нешто го удрил Спасе по што тој починал. – изјави повозразна жителка на населбата.

-Секако дека сум вознемирена, ова е немил настан. – рече друга жителка, на која полинатиот и бил роднина.

-Немам информација дали семејствата имале недоразбирања, ги познавам и едните и другите, вознемирен сум – додаде жител на населбата.

Немилиот настан во кој едно лице беше убиено, денеска е главна тема на разговор во Охрид.

Г.М.