Пливачката Тамара Трајковски која има македонско потекло, на 26 интернационален пливачки митинг што се одржа во Vocklabruck – Австрија, освои три медали.

Тамара која инаку се натпреваруваше во 8 дисциплини, на 50 метри грбно пливаше 37.96 секунди, што и донесе сребрен медал. На 100 метри грбно постигна резултат 1.23,87 мин. доволно за бронза, а место на пиедесталот и уште еден бронзен медал освои во дисциплината 50 метри делфин каде постигна време 37,15 сек.

На митингот на кој учествуваше и помалата сестра на Тамара, Теодора, се натпреваруваа пливачи од 24 клубови од Австрија, Германија и Унгарија.


Тамара Трајковски

До крајот на годината Тамара ја очекуваат уште два силни пливчки турнири.

OhridNews