Српскиот фудбалски стручњак Синиша Михајлови ќе инкасира три милиони евра од тимот на Спортинг Лисабон, кој го изгуби спорот на Спортскиот суд во Лозана (ЦАС).

Михајловиќ, на 18 јуни во 2018 година се договори со Спортинг Лисабон и потпиша тригодишен договор за водење на клубот. После девет дена во клубот, се одржаа претседателски избори и гарнитурата која пушти рака со Михајловиќ изгуби. Новите предводници на „зелено белите“, без причина и образложение го отпушија Михајловиќ. За нов тренер го назначија Жозе Песеиро кој се задржа само четири месеци.

51-годишниот стратег проба да се договори со челниците на клубот но не успеа. Србинот го пријави случајот во УЕФА и ФИФА. Тие го спроведоа во Спортскиот суд во Лозана, кој пресуди во корист на Михајловиќ.

Во меѓувреме, Михајловиќ се врати во италијанскиот калчолигаш Болоња, каде во 2008 година ја започна самостојната тренерска кариера.

OhridNews