Две златни и една сребрена плакета освои краткиот документарен филм „Аманет“ на охриѓанецот Томе Љушев – Шпанец на 51 фестивал на непрофесионален филм, што се одржа деновиве во Валандово во организација на Кино сојузот на Македонија и Народна техника.
Краткиот филлм „Аманет“ освои златни плакети за режија и монтажа и сребрена плакета во конкуренција на документарни филмови.
„Аманет“ е приказна за старите занаети во изумирање. Љушев претходно беше наградуван и на фестивалите „Камера 300 – Браќа Манаки“ во Битола и на меѓународните фестивали во Србија и Бугарија.
Инаку Гран при наградата за најдобар документарен филм на националниот фестивал во Валандово ја освои филмот „Белешка“ од Глигор Кондовски.
Три награди за документарниот филм „Аманет“ на охриѓанецот Томе Љушев – Шпанец
Г.М.

















