Жозе Мурињо помина три незаборавни години во екипата на Реал Мадрид. Но, не по трофеи и успеси, него по заткулисни игри, караници со фудбалери, судии, новинари и противнички тренери.

Прв кикс “специјалниот“ направи уште на стартот од првенството пред три сезони кога беше исклучен на дуелот со Мурсија. Мурињо со погрдни зборови му се обрати на судијата Парадас Ромеро, кој без размислување го испрати на трибините.

Португалскиот стратег констатно се бунтуваше за распоредот на Реал Мадрид и на оној од Барселона. Како “каталонските“ фудбалери имаат повеќе одмор од неговите. Новинарите кои не се сложуваа со него ги нарекуваше лицемерни.

Егото на Мурињо отиде до таму да му забрани пристап и контакт со фудбалерите на Хорхе Валдано, кој тогаш ја вршеше функцијата спортски директор.

На дуелот со Севиља, кој “кралевите“ го загубија со минимални 1-0. Мурињо ги броеше грешките на судијата, а не резултатот кој не беше поволен за “лос бланкос“.

“Специјалниот“ го нападна тренерот на Спортинг Хихон, Мануел Пресиадо дека им попуштал на Барселона откако со нив на мегдан истрча со ослабен состав. Во истата сезона Спортинг Хихон го совлада Реал Мадрид на “Сантијаго Бернабеу“ и ја прекина серијата од девет години без пораз на домашен терен на Мурињо.

Најголемата бламажа на клупата од Реал Мадрид, Мурињо ја направи во Лигата на Шампиони на мечот против Ајакс. Кога преку капитенот Икер Касиљас им нареди на Чаби Алонсо и Серхио Рамос да направат жолти картони за да паузираат на последниот натпревар од групата.

Во првата сезона Реал Мадрид и Барселона се сретнаа во полуфиналето од Лигата на Шампиони. По елиминацијата на “кралевите“, Мурињо пресконференцијата ја почна : “Зошто, Зошто, Овебро, Штарк, Бусака, Фриск, Деблекере“. Тој алудираше на судиите кои им помогнале на “каталонците“ да стигнат до трофеите во фудбалска Европа.

Мурињо на првенствениот меч со Малага покажа тотално непочитување на Мануел Пелегрини, кој беше претходно тренер на Реал Мадрид. Тој во текот на натпреварот му гестикулираше, а по завршување рече : “Немам што со него јас да зборувам и сигурно нема да го наследам во Малага. Јас сум голем тренер во Англија, Италија и Шпанија“.

Ако во Англија и Италија, Мурињо ги освои симпатиите од навивачите тоа не беше случај во Шпанија, тие констатно беа на нож со Мурињо од моментот кога ги нарече кукавици. Ова беше на три месеци до завршување на сезоната кога Барселона фуриозно стигна до титулата во “Ла Лига“.

“Немам екипа“ изјави Мурињо на почетокот од втората сезона за него во Реал Мадрид. Тогаш во воведните две кола претрпе два порази од тогаш до крајот на сезоната “кралевите“ немаа ниту еден пораз.

Лавината реакции контра Мурињо тргнаа по клинчот, кој го имаше Португалецот со новинарот на Марка. “Специјалниот“ новинарот го нарече “говно“, а тој си додели титула најдобар тренер на светот.

Можеби најголемата грешка Мурињо ја направи кога ги “олади“ односите со незаменливиот Икер Касиљас. По дуелот со Барселона во Супер купот на Шпанија, Касиљас ги повика Чави и Пујол да ја смират тензијата во екипата, тоа тешко му падна на Мурињо и почна да игра “топло ладно“ со голманот.

На гореспоменатата средба меѓу Реал Мадрид и Барселона, Мурињо со прст во окото го нападна помошникот на Пеп Гвардиола, Тито Виланова. После инцидентот тој рече дека тоа го направил за навивачите на Реал Мадрид, кои на дуелот со Галатасарај на транспарент му напишаа “Тој прст тогаш, ти го покажува патот сега“.

На почетокот од следната сезона повторно Реал Мадрид и Барселона се сретнаа во Супер купот на Шпанија. Каталонците на “Сантијаго Бернабе“ победија со 2-1, а на домашен терен ремизираа 2-2 што ја освоија првата титулата во сезоната. По завршување на мечот на Ноу Камп, Мурињо на паркингот го чекал судијата Тешеира Витенес и дискутирал околу судењото. Кога еден фоторепортер со обидел да го фотографира Мурињо го нападнал.

Португалецот од ден на ден ги менуваше мислењата за Барселона. Еден викаше дека таа екипа е најдобра во целиот свет, а неколку дена потоа дека тие се прочитани фудбалери и оти тој нуди нешто повеќе во фудбалот.

Целиот тим на Реал Мадрид отиде на гала-вечерата на УЕФА, Мурињо немаше време да му прави друштво на фудбалерите бидејќи беше на тренингот од неговиот син.

Војната со навивачите ескалираше, а Мурињо мораше да најде начин да ги придобие. Тој тогаш се снајде најдобро и на мечот со Атлетико Мадрид на домашен терен излезе 40 минути порано за да можат навивачите да го исвиркаат. Мурињо тогаш доби овации.

Антонио Адан е подобар од Икер Касиљас, беа зборовите на Мурињо по натпреварот со Малага, на кој Адан прими три погодоци.

И неговиот сонародник Пепе ја осети “моќноста“ на Мурињо. Тој се обиде да застане зад Касиљас, а стратегот веднаш му одговори со суспензија и дека му е страв од конкуренцијата по доаѓањето на Варан во екипата.

Шлаг на тортата за Мурињо беше непочитувањето на Кралот на Шпанија. Тој се одлучи да не го прими сребрениот медал по поразот од Атлетико Мадрид во финалето од Купот, по што разделбата беше неизбежна.

Мх.П.