Охридските боксери во втората рунда од македонскиот шампионат забележаа три победи и еден пораз.

Второто коло се одржа во Битола, а охриѓани до трите победи стигнаа со нокаути и тоа во првата рунда.

Сашо Лескароски во категоријата до 64 килограми го совлада Ибрагим Мустави од тимот на Куманово. Идентична победа славеше Бојан Ристевски против Мехмед Красниќи од Тетово до 69 килограми.

Петар Чатороскоски во тешка категорија до 91 килограми го “легна“ Ахмент Реџепи од Куманово додека “јуниорот“ Димитар Јованоски претрпе пораз од “домаќинот“ Горјан Србиновски.

Охридските боксери по две одиграни рунди котираат високо и сезонава атакуваат на сите тутили во македонскиот шампионат.

Мх.П.