Со пригодна свеченост, денес, на скопскиот аеродром беше прославен стартот на новите рути од Скопје до Малта, Рим и Ваксјо.
Патниците кои ги планираат своите одмори или викенди на една од овие возбудливи дестинации, можат да ги резервираат авионските билети на wizzair.com со цени почнувајќи од само 1119.99 денари.
ТАВ Македонија во првите шест месеци од 2017 година забележа 6% пораст на бројот на патници, споредено со истиот период минатата година, или на двата македонски аееродроми, скопскиот Александар Велики и охридскиот Св. Апостол Павле, од јануари до јуни поминале вкупно 860.130 патници. Со новите дестинации на Виз ер, како и другите авиокомпании кои ќе се отворат, и зголемувањето на фрекфенциите на постојните рути, од ТАВ Македонија очекуваат повисока стапка на пораст на сообраќајот во втората половина од оваа година.
OhridNews













