Фудбалерите на Пари Сент Жермен го освоија трофејот во Лига купот и го потврдија статусот на .„владетели“ во францускиот фудбал. „Светците“ во финалето го совладаа Лион со 6-5 на пенали. Регуларниот дел од мечот и продолженјата завршија без голови 0-0.

Шанси и возбудувања во финалниот натпревар имаше иако заврши без голови. Двете екипи имаа свои прилики, но затаи реализицијата.

Победникот се одлучи после пенал рулетот. Одлуката падна во шестата серија, кога Лион промаши а ПСЖ ја погоди мрежата и ја освои титулата во последното издание од Лига купот.

Со трофејот во Лига купот, ПСЖ ја потврдија доминацијата во Франција. Претходно, „светците“ победија во националниот шампионат и Купот на Франција.

OhridNews