Трет триумф во третиот меч за Металург на натпреварите во предсезоната во Охрид. Нова “жртва“ на “железарците“ беше фенерџијата во Првата МФЛ 11 Октомври кој беше совладан со 3-1.


Мал куриозитет на мечот беше тоа што сите четири гол на беа постигнани од прекин. Со погодоците на Симоновски и Крстев “зелените“ стигнаа до убедлива предност, кој од пенал ја намали во финишот на делот Гешовски.  Со вториот гол на мечот Крстев на средината од втoриот дел ги постави конечните 3-1.


– На мечот со 11 Октомври ги имамве најдобрите услови за игра досега во подготовките. Задволен сум од залагањето и од одиграно, пробавме некои варијати. Работиме на играта од прекин, некогаш комбинациите даваат резултат, некогаш не, но јас генерално сум задоволен од досега сработеното – истакна Христов.

Металург по најавата за одложување на првенството ќе остане во Охрид, и ќе ги продолжи подготовките за стартот на пролетниот дел.

фото Емилио
М.П.