Академија Пандев, Фер Плеј и Еврофудбал се екипите кои ќе го преставуваат Охрид во Скопје на завршниот турнир од Детската фудбалска лига, а дополнително ќе бидат направени две селекции во генерациите 2002 и 2004 од југозападниот регион кои ќе играат со останатите селекции од регионите.


Академијата Пандев триумфираше во категоријата 2000-та година, “виолетовите“ беа најдобри во најмалата генерација 2003 додека “белите“ беа најуспешни во средната категорија 2001.



– Се решивме на ваков потег да им го презентираме квалитетот на челниците на федерацијата од југозападниот регион. Трите екипи и двете селекции се подготвени да одговорат на предизвиците кои ќе ги очекуваат на завршниот турнир –
рече координаторот на југозападниот регион, Наум Јанкуловски.


Завршните турнири се играат на 8 и 9 јуни на терените од Фудбалската федерација на Македонија.

Мх.П.