Murcia-Zaragoza 1 (2.05)
Вечерва се играат натпреварите од 40-то коло во шпанската Сегунда Девизион,а наш избор е натпреварот Мурсиа-Сарагоса и типуваме на домаќините.
Екипата на Мурсија се наоѓа на 6-та позиција и со шанса за разигрување и пласман во Примера,а на последните 5 натпревари имаат две победи,два нерешени натпревари и еден пораз.
Од друга страна екипата на Сарагоса се наоѓа на 12-та позиција и догодина пак ќе игра во Сегунда Девизион,а на последните 5 натпревари имаат две победи,еден нерешен натпревар и два порази.
Традицијата пак е на страна на гостите кои на последните 11 натпревари имаат 7 победи,еден нерешен натпревар и три порази.
Göteborg-Norrköping 1 (1.55)
Попладнево продолжуваат натпреварите во шведската Алсвенскан лига,а наш избор е натпреварот Гетеборг-Норкопинг и типуваме на домаќините.
Гетеборг се наоѓа на 6-та позиција и на последните 5 натпревари нема пораз,а има две победи и 3 нерешени натпревари.
Од друга страна Норкопинг се наоѓа на 12-та позиција и е во очајна форма.На последните 5 натпревари имаат една победа и четири порази.
И традицијата е на страна на домаќините кои на последните 19 натпревари имаат 9 победи,6 нерешени натпревари и 4 порази.
Atletico MG-Criciúma 1 (1.5)
Вечерва во бразилската Сериа А продолжуваат натпреварите од 7-то коло.Наш избор е натпреварот Атлетико МГ-Крикума,а типуваме на домаќинот.
Атлетико се наоѓа на 8-та позиција и полека но сигурно влегува во форма.На последните 5 натпревари имаат 3 победи во низа и два порази.
Од друга страна Крикума се наоѓа на 12-та позиција и на последните 5 натпревари имаат две победи,еден нерешен натпревар и два порази.
Според традиција пак во блага предност се гостите кои на последните 6 натпревари имаат две победи,3 нерешени натпревари и еден пораз.
Јане Лабоски