Pittsburgh-NY Rangers 1 (2.0)

Вечерва во најјаката лига се привршуваат натпреварите од четвртфиналето во Стенли Купот,а наш избор е натпреварот помеѓу Питсбург-Њу Јорк Ренџерс и типуваме на домаќинот.

За екипата на Питсбург вечерашниот натпревар е да се биде или не.Моменталниот скор е 3:3 и неверуваме дека Питсбург би се откажале од сето тоа што го градеа во остатокот од сезоната.

Од друга страна и екипата на Њу Јорк не е за потценување.Тие во првиот дел од сезоната не беа екипа на ниво како нивниот противник,но со својата борбеност станаа вистинска пречка за Пингвините од Питсбург.

Latvia-Kazakhstan 1 (1.6)

Денес продолжуваат и натпреварите во хокеј на мраз во рамките на Светското првенство,а наш избор е натпреварот помеѓу репрезентациите на Летонија-Казахстан и типуваме на Летонците.

Репрезентацијата на Летонија на последните 5 натпревари општо имаат 3 победи (Финска 2:3,Норвешка 2:0.Франција 6:3) и два порази (Германија 3:2,Словачка 5:3).

Од друга страна Казахстан на последните 5 натпревари имаат една победа против Италија со 2:4,еден пораз на пенали од репрезентацијата на Германија со вкупен резултат 1:2 и три порази во регуларниот дел (Белорусија 4:1,Франција 5:3 и 3:1).

Според традиција пак во блага предност се репрезентативците на Казахстан,кои на последните 7 натпревари имаат 4 победи и три порази.

Finland-Germany 1 (1.4)

Друг интересен натпревар за типување во рамките на Светското првенство во хокеј на мраз е натпреварот помеѓу Финска и Германија,а типуваме на Финците.

Финска на последните 5 натпревари општо имаат една победа во регуларниот дел против Русија со 2:1,две победи на пенали(Чешка 2:1,Шведска 2:3) и два порази во регуларниот дел (Русија 2:4,Летонија 2:3).

Од друга страна пак Германците на последните 5 натпревари општо имаат 3 победи во регуларниот дел (Летонија 3:2,Русија 3:0,Швајцарија 2:0),една победа на пенали против репрезентацијата на Казахстан со вкупен резултат 1:2 и пораз од САД со 1:3.

И традицијата е на страна на Финска,која на последните 12 меѓусебно одиграни натпревари против Германија имаат 10 победи,еден нерешен натпревар и еден пораз.