Torino-Genoa 1 (1.8)
Попладнево продолжува 33-то коло од италјанската Серија А.Наш избор е натпреварот Торино-Џенова,а типуваме на домаќинот кој полека но сигурно се враќа во форма.
Торино се наоѓа на 10-та позиција со 5 бода негатива од 5-тиот Интер и се уште има шанса за излез во Лига Европа.На последните 5 натпревари имаат 3 победи (2 во низа)(Катанија 1:2,Каљари 2:1,Ливорно 3:1) и два порази (Рома 2:1,Наполи 0:1).
Од друга страна екипата на Џенова се наоѓа на 13-та позиција и веќе има изборено опстанок,а на последните 5 натпревари имаат една победа против екипата на Лацио со 2:0,еден нерешен натпревар со Парма со резултат 1:1 и три порази (два во низа)(Милан 1:2,Верона 3:0,Јувентус 0:1).
Традицијата е пак на страна на гостите кој на последните 11 натпревари имаат 4 победи,6 нерешени и еден пораз.
Останува да видиме ова попладне дали Торино ќе го подобри меѓусебниот скор со Џенова и ќе се доближи до 5-то место кое води во Лига Европа.
Lokomotiv M.-Anzhi 1 (1.5)
Во 11..30 продолжува 25-то коло од руската Премиер лига,а наш избор е натпреварот Локомотив Москва-Анжи и типуваме на домаќинот.
Локомотив се наоѓа на втората позиција со само 2 бода негатива,но и со натпревар помалку.На последните 5 натпревари се без пораз и имаат 3 победи (Новгород 3:0,Урал 3:0,Самара 2:1) и два нерешени натпревари со екипите на Спартак Москва и Амкар со идентичен резултат 0:0.
Од друга страна екипата на Анжи се наоѓа на последната позиција и е во очајна форма.На последните 5 натпревари имаат 2 победи (Динамо Москва 4:0,Казан 1:0),еден нерешен натпревар со Спартак Москва со резултат 2:2 и два порази (Урал 2:1,ЦСКА Москва 0:3).
И традицијата е на страна на екипата на Локомотив Москва која на последните 9 меѓусебни натпревари со екипата на Анжи имаат 4 победи,2 нерешени натпревари и 3 порази.
Bregalnica 2008-Makedonija GjP 1 (1.45)
Попладнево во македонската Прва лига се игра последниот натпревар од 27-то коло,а играат Брегалница и Македонија Ѓорче Петров.Наш избор е домаќинот кој во пролетниот дел е во одлична форма,а на последните 5 натпревари имаат 3 победи (Шкендија 0:2,Турново 1:0,Металург 1:2),еден нерешен натпревар и без голови со екипата на Еуромилк и еден пораз од Работнички со 4:0.
Од друга страна екипата на Македонија е на 10-та позиција,а на последните 5 натпревари немаат победа и имаат еден нерешен натпревар со екипата на Вардар со резултат 2:2 и четири порази (два во низа)(Турново 1:2,Работнички 2:0 и два порази од Пелистер со идентичен резултат 2:1).
Традицијата е пак на страна на гостите кој на последните 2 натпревари имаат една победа и еден нерешен натпревар против екипата на Брегалница.