Heidenheim-Holstein Kiel 1 (1.75)
Попладнево се играат натпреварите од германската Бундес лига 3,а наш избор е натпреварот Хеиденхеим-Кил и типуваме на домаќинот.
Хеидендеим се наоѓа на првата позиција и е сериозен кандидат за пласман во втората Бундес лига до година,а на последните 5 натпревари имаат 3 победи (две во низа),еден нерешен натпревар и еден пораз.
Од друга страна пак екипата на Кил се наоѓа на 15-та позиција и веќе има изборено опстанок,а на последните 5 натпревари имаат две победи,два нерешени натпревари и пораз.
И традицијата е на страна на Хеиденхеим која против Кил на последните 3 натпревари,два пати триумфирале и еднаш биле поразени.
Wolfsburg II-Havelse 1 (1.55)
Попладнево се игра 29-то коло од гермаската регионална лига север,а наш избор е натпреварот Волфсбург 2 и Хавелсе,а типуваме на домаќинот.
Волфсбург се на лидерската позиција и со победа би го осигурале на некој начин првото место кое води во разигрување и пласман во Бундес 3 лигата,а на последните 5 натпревари се без пораз и имаат 3 победи и два нерешени натпревари.
Од друга страна пак екипата на Хавелсе се наоѓа на 6-та позиција и не е за потценување.Хавелсе на последните 5 натпревари имаат 4 победи и пораз.
И традицијата е на страната на Волфсбург кој на последните 7 натпревари против екипата на Хавелсе имаат 3 победи,3 нерешени и еден пораз.
Fortuna Köln-B. M’gladbach II 1 (1.65)
Попладнево се игра 30-то коло во германската регионална лига запад.Наш избор е натпреварот помеѓу Фортуна Келн и Менхенгладбах 2,а типуваме на домаќинот.
Фортуна се наоѓат на првата позиција и со само еден бод позитива пред вториот Лоте,а на последните 5 натпревари имаат 3 победи,еден нерешен натпревар и еден пораз.
Од друга страна пак екипата на Менхенгладбах се наоѓа на 7-та позиција и на последните 5 натпревари има ист скор како и нивниот опонент,3 победи,еден нерешен натпревар и еден пораз.
И традицијата е на страна на екипата на Фортуна која има одиграно 6 натпревари против Менхенгладбах,а на 3 од нив триумфирала,еднаш завршиле без победник и два пати триумфирала екипата на Менхенгладбах.
Ohridnews