Juventus-Fiorentina 1 (1.4)

Денес се играат осминафиналните натпревари од Лига Европа.Нашиот избор е натпреварот Јувентус-Фиорентина,а типуваме на домаќинот.

Јувентус во 16-тина финалето беше подобар од екипата на Трабзон совладувајќи го на два пати со идентичен резултат од 2:0,а во италјанската Серија А се наоѓа на првата позиција и е многу веројатно дека ќе го освои скудетото.На последните 5 натпревари во Серија А имаат 4 победи (Фиорентина 1:0,Милан 0:2,Торино 1:0,Киево 3:1) и еден нерешен натпревар со екипата на Верона со резултат 2:2.

Од друга страна екипата на Фиорентина која во неделата беше поразена баш од Јувентус,16-финалето го мина совладувајќи ја екипата на Есбјерг со резултат (3:1,1:1),а во Серија А се наоѓа на 4-та позиција и е во голем пад на формата,така на последните 5 натпревари имаат само една победа против екипата на Аталанта со резултат 2:0,а е одиграна на 8 февруари,потоа има еден нерешен натпревар со екипата на Парма со резултат 2:2 и 3 порази (Јувентус 1:0,Лацио 0:1,Интер 1:2).

И традицијата е на страна на екипата на Јувентус која во меѓусебните дуели со Фиорентина има 9 победи,9 нерешени натпревари и 2 порази.

Останува вечерва да видиме дали Јувентус ќе ја оправдаат својата улога на фаворити и ќе одат чекор напред кон финалето кое се игра баш на нивниот Деле Алпи.

Sevilla-Betis 1 (1.55)

Друг интересен натпревар за типување од Лига Европа е натпреварот помеѓу Севиља и Бетис.Според нас овде би требало да победи домаќинот.

Севиља во 8-финалето се пласира победеувајќи ја екипата на Марибор со резултат (2:2,1:2),а во шпанската Примера се наоѓа на 7-та позиција и на последните 5 натпревари има 3 победи (Алмерија 1:3,Реал Сосиедад 1:0,Ваљекано 0:1),еден нерешен натпревар со екипата на Валенсија со резултат 0:0 и еден пораз од екипата на Барселона со резултат 1:4.

Од друга страна пак екипата на Бетис во осминафиналето се пласира победувајќи ја екипата на Казан со резултат (1:1,2:0),а во Примера се наоѓаат на последната позиција и без шанса за опстанок и на последните 5 натпревари имаат една победа против екипата на Гетафе со резултат 2:0,еден нерешен натпревар со екипата на Виљареал со резултат 1:1 и 3 порази (Атлетик Билабао 0:2,Гранада 1:0,Валенсија 5:0).

И традицијата е на страна на екипата на Севиља која против екипата на Бетис има 8 победи,6 нерешени натпревари и 4 порази.

 AZ Alkmaar-Anzhi 1 (1.75)

Вечерва во 21.05 во натпреварувањето на Лига Европа се среќаваат АЗ-Анжи.Според нас подобар е домаќинот и би требало лесно да дојде до посакуваната предност.

АЗ во осминафиналето се пласираше победувајќи ја екипата на Либерец со резултат (1:1,0:1),а во холандската Ередивизе се наоѓа на 7-та позиција и на последните 5 натпревари има 2 победи (последните два натпревари) против екипите на Хераклес и Валвијк со идентичен резултат од 4:0,еден нерешен натпревар со екипата на Утрехт со резултат 1:1 и 2 порази (Ајакс 4:0,Г.А.Иглс 2:1).

Од друга страна екипата на Анжи патот до осминафиналето го пронајде преку екипата на Генк (0:0,2:0),а во руската Премиер лига се наоѓаат на последната позиција и без шанси за опстанок,а на последните 5 натпревари имаат една победа против екипата на Казан со резултат 1:0,два нерешени натпревари со екипите на Кубан и Новгород со идентични 0:0 и два порази (Томск 0:2,Амкар 1:0).

Традицијата е пак на страна на екипата на Анжи која до досега од два одиграни натпревари против екипата на АЗ има две победи со резултат (1:0,0:5),но тоа не е истата Анжи како и сега.

Ohridnews