Wigan-Sheffield Wed. 1 (1.8)

Вечерва во 20.45 продолжува 35 коло од англиската Чемпионшип лига,а наш избор е натпреварот помеѓу Виган и Шефилд Венсдеј и типуваме на домаќинот кој неделата го испадна Манчестер Сити од ФА купот.

Виган на последните 5 натпревари е во одлична форма и има 4 победи (Нотингем 1:4,Брајтон 1:2,Барнсли 2:0,Шефилд Венсдеј 0:3) и 1 пораз од екипата на Хадерсфилд со резултат 1:0.

Од друга страна пак екипата на Шефилд на последните 5 натпревари има 2 победи (Миделсброу 1:0,Хадерсфилд 0:2) и 3 порази (Јеовил 2:0,Дерби 0:1,Виган 0:3).

Досега овие две екипи играле само еднаш и натпреварот заврши со победа на Виган и тоа на гостински терен со резултат 0:3,а натпреварот се играше точно пред еден месец.

Ако Виган го победи денес својот ривал тогаш е и поблиску до разигрувањето за пласман во Премиер лигата.

Sheffield Utd-Carlisle 1 (1.65)

Вечерва во 20.45 се игра и 36-то коло во англиската Лига 1.Нашиот избор е натпреварот Шефилд Јунајтед-Карлисле,а типуваме на домаќинот,кој е во одлична форма и ако продолжи така ќе дојде до првите 6 места за разигрување и пласман во Чемпионшип лигата.

Шефилд на последните 5 натпревари има 5 победи (Петербороу 2:0,Милтон Кејнес 0:1,Колчестер 0:1,Бристол Сити 3:0,Гилингем 0:1).

Од друга страна пак Карлисле се наоѓа на 19 позиција и игра за опстанок,а на последните 5 натпревари имаат 2 победи (Ковентри 1:2,Бредфорд 1:0),1 нерешен натпревар со екипата на Брентфорд со резултат 0:0 и 2 порази (Порт Вејл 2:1,Ротерам 1:2). Според традицијата пак овие две екипи се изедначени со по 2 победи и 1 нерешен натпревар.

PSG-B. Leverkusen 1 (1.4)

Вечерва продолжуваат реванш натпреварите од осмина финалето од Лигата на Шапмпиони.За типување го одбравме натпреварот ПСЖ-Баер Леверкузен,а типуваме на домаќинот,кој веќе на предходниот натпревар го заврши поголемиот дел од работата.

ПСЖ во домашната Лига 1 на последните 5 натпревари имаат 4 победи (Бастија 0:3,Марсеј 2:0,Тулуз 2:4,Валенсиенес 3:0) и 1 нерешен натпревар со екипата на Монако со резултат 1:1.

Од друга страна екипата на Леверкузен во домашната Бундес лига на последните 5 натпревари имаат 1 победа со екипата на Менхенгладбах со резултат 0:1,1 нерешен натпревар со екипата на Хановер со резултат 1:1 и 3 порази (Мајнц 0:1,Волфсбург 3:1,Шалке 1:2),што укажува во каква очајна форма се наоѓа екипата на Леверкузен.

До сега овие две екипи меѓусебе играле само еднаш,а тоа е минатиот натпревар кој заврши со висок триумф за екипата на ПСЖ со резултат 0:4.

Ohridnews